Жената што синоќа беше убиена при напад со нож во центарот на Лондон е 66-годишна Американка, изјави заменик-директорот на Скотланд јард, Марк Роули.
– Убиената жена е Американка, а петтемина повредени се државјани на Австралија, САД, Израел и на Велика Британија – потврди Роули, без да наведе повеќе детали за настраданите.
Тој истакна дека напаѓачот е 19-годишен Норвежанец од сомалиско потекло, кој веројатно има психички проблеми. Момчето било уапсено веднаш по нападот, но засега не се откриени докази за радикализација и дејствување според терористички побуди.
– Она што го утврдивме досега покажува дека нападот е извршен поради психички нарушувања и жртвата е избрана случајно – додаде Роули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.