Поранешниот германски министер за финансии, Оскар Лафонтен, кого многумина го нарекуваат творецот на еврото, изјави дека натамошното користење на заедничката европска валута ќе доведе до катастрофа, пренесува АП. Според него, единствениот излез од кризата е напуштањето на заедничката валута.
– Економската ситуација се влошува од месец во месец, а невработеноста достигна ниво поради кое демократските структури сѐ повеќе се доведуваат во прашање – изјави Лафонтен додавајќи дека Германците уште не сфатиле дека јужна Европа, вклучувајќи ја и Франција, порано или подоцна поради моменталната беда ќе биде принудена да се сврти против германската хегемонија.
На страницата на германската Партија на левицата, Лафонтен напиша дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе се разбуди од сонот кога државите во неволја ќе се обединат за да побараат промени во политиката на „германска сметка”. Лафонтен вели дека поддржувал заедничка валута, но дека веќе не верува дека еврото е одржливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст