Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре ќе почнат градежни активности на улицата „Народни херои“ и ќе биде воспоставен привремен режим на сообраќај во тој дел на градот.
Возилата од јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 24 и 59 б, а кои се движат во правец од Центар кон Припор, т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Димо Хаџи Димов“, по ул.„Божидар Аџија“ (пред студентски дом Пелагонија) потоа по ул. „Вера Јоциќ“ и продолжува по својата траса ул. „Народни херои“ и ул. „Христо Татарчев“.
Возилата од јавниот превоз што ќе се движат во обратна насока, кон Центар т.е. од исток кон западх ќе бидат пренасочених и тоа од ул. „Христо Татарчев“, по ул. „Божидар Аџија“, потоа по ул. „Димо Хаџи Димов“ и продолжуваат по својата траса.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст