Британскиот генерал Ричард Ширеф, пензиониран заменик на врховниот командант на НАТО за Европа, ја објави својата книга насловена како „2017: Војна со Русија“.
Поранешниот втор човек на НАТО предупредува дека во неговиот роман се напишани многу работи коишто имаат допирни точки со реалната ситуација во Европа, пренесува новинската агенција АФП.
-На претседателот на Русија, Владимир Путин, најмногу би му одговарало посрамувањето на американските демократи и доаѓањето на власт на Доналд Трамп кој ја поткопува доктрината на НАТО за колективна одбрана – вели британскиот генерал и додава:
– Кандидат за претседател на САД кој сугерира на тоа дека САД не би им помагале на членките на НАТО во случај на напад им одговара на Русија и на Владимир Путин – изјави Ширеф во врска со поврзаноста на американските претседателски избори во ноември со моменталната сиутација во Европа.
Со оглед на тоа што, сепак, поголеми шанси за победа има Хилари Клинтон, пензионираниот генерал е уверен дека нуклеарната војна е сосема реална како еден вид решавање на конфликтот меѓу двете најголеми светски сили кој константно се продлабочува.
-Ако НАТО влезе во војна со Русија, тоа би било исклучиво нуклеарна војна. НАТО мора да ја покаже својата сила, така што Русија воопшто не ни помислува за некаков си офанзивен потег. Накратко, треба да се заплашат Русите за да конечно да почнат да се однесуваат рационално – изјави поранешниот втор човек во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст