По политичките натегања, вистинско време e за одмор. Најголем дел од политичарите почнуваат со летување.
ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека лидерот на партијата Никола Груевски ќе се одмара во Турција, имено Анталија, каде што беше и минатата година заедно со своето семејство.
СДСМ објави дека нивниот лидер бил во Грција со своето семејство, а сега се вратил кон домашните политички предизвици.
Од кабинетот на премиерот Емил Димитриев соопштија дека оваа година во план е Црна Гора, каде што ќе биде придружуван од неговото потесно семејство.
Претседателот Ѓорге Иванов оваа година одлучи да оди во Охрид, во претседателската вила „Билјана“.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, нема да оди на одмор оваа година. ДУИ најави дека има уште многу работи да се направат, а во едно сакаме да ве потсетиме дека пред неколку дена почина мајката на нашиот лидер Али Ахмети, Хума Ахмети.
Заменик-премиерот Никола Тодоров веќе е на одмор во Грција со своето семејство.
Уште еден заменик-премиер и министер за надворешни работи, Никола Попоски, ќе оди на одмор при крајот на август, почнувајќи од Охрид, а потоа ќе отпатува за Турција.
Не е познато каде ќе оди на одмор оваа година Мендух Тачи, кој лани беше во Албанија, заедно со албанскиот претседателот на Собранието, Илир Мета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст