| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате:

Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 5 август 2016 година, ќе читате:

Кампања „Провери и пријави се“

ДИК бара спорни гласачи, Чичаковски брка покемони

„По­ра­ди иск­лу­чи­тел­но­то зна­че­ње на про­це­сот“, Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја (ДИК) по­ба­ра од ме­ди­у­ми­те да учес­тву­ва­ат во кам­па­ња со ко­ја тре­ба да се ин­фор­ми­ра­ат спор­ни­те гра­ѓа­ни во из­би­рач­ки­от спи­сок и во­ед­но да се по­ви­ка­ат да се при­ја­ват. Не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, имај­ќи ги пред­вид се­ри­оз­но­ста и важ­но­ста на си­ту­а­ци­ја­та, ме­ѓу пр­ви­те го при­фа­ти по­ви­кот за бесп­лат­но ди­стри­бу­и­ра­ње на по­сте­ри­те што се дел од кам­па­ња­та. Во исто вре­ме, со цел да се овоз­мо­жи по­го­лем ме­ди­ум­ски про­стор за по­до­бро за­поз­на­ва­ње на јав­но­ста со ра­бо­та­та на Ко­ми­си­ја­та, (вклу­чи­тел­но и со кам­па­ња­та), ис­пра­тив­ме ба­ра­ње за ин­терв­ју до пре­тсе­да­те­лот на ДИК, Але­ксан­дар Чи­ча­ков­ски, кое на на­ше го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње и раз­о­ча­ру­ва­ње бе­ше од­би­е­но со образ­ло­же­ние де­ка бил за­фа­тен! Со што бил за­фа­тен не ни ка­жаа од ДИК. Да­ли ло­ви фан­то­ми или бр­ка по­ке­мо­ни…?

 

Интервју: Субхи Јакупи, ДИК

Претседателот на ДИК да се вклучи во враќање на довербата во избирачкиот список

Ме­ди­у­ми­те, раз­лич­ни ана­ли­ти­ча­ри што не ја раз­би­ра­ат те­ма­ти­ка­та и по­ли­тич­ки акте­ри при­до­не­су­ваа да не­ма до­вер­ба во из­би­рач­ки­от спи­сок. Мис­лам де­ка се­га ве­ќе се раз­јас­не­ти мно­гу ра­бо­ти, ДИК ве­ќе осум ме­се­ци ра­бо­ти јав­но и транс­па­рент­но, со вклу­че­ни ме­ѓу­на­род­ни струч­ња­ци. Се­га јав­но ги по­ви­ку­ва­ме се­га си­те прет­став­ни­ци на ам­ба­са­ди што се за­ин­те­ре­си­ра­ни, по­тоа ОБ­СЕ/ОДИХР и дру­ги да се за­поз­на­ат со проб­ле­ма­ти­ка­та што ја има­ме во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Јас ги по­ви­ку­вам и трој­ца­та на­ши струч­ња­ци од ДИК, пре­тсе­да­те­лот и не­го­ви­те за­ме­ни­ци, да би­дат повк­лу­че­ни во овој про­цес и во ме­ди­у­ми­те, за да мо­же да се вра­ти до­вер­ба­та во Из­би­рач­ки­от спи­сок, вели членот на ДИК Субхи Јакупи во интервју за Република.

 

Илинденски пораки

Единство и национално помирување е новата битка на Македонците

Чествувањето на Илинден, денот на македонскиот непокор и борба за самостојност, годинава едногласно испрати порака за национално помирување. Празникот, кој во себе ги обединува вековните стремежи за државност и слобода, ги содржи и сите страдања, преданост и жртва на македонскиот народ и потсетува дека идеалите кои денес ги живееме почиваат врз неброени згаснати животи. Илинден сам по себе ја носи пораката на сплотеност и единство, заедништво, пораката за помирување во име на идните генерации, порака која и по 113 години од Илинденското востание и 72 години од АСНОМ сѐ уште е актуелна во македонското општество.

 

Илинден 1903 – 1944 – 2016

Уште една пропуштена шанса за помирување

Илин­ден 2016 го­ди­на во на­ши­те се­ќа­ва­ња ќе би­де за­па­ме­тен са­мо ка­ко уште ед­на го­ле­ма про­пу­ште­на шан­са за вра­ќа­ње на нор­мал­но­ста. Шан­са да се по­тсе­ти­ме на де­ла­та на тие што низ исто­ри­ја­та ги­не­ле за ма­ке­дон­ска­та ид­ни­на без да раз­мис­лу­ва­ат за сво­ја­та тра­ге­ди­ја, за ма­ки­те на нив­ни­те се­мејс­тва, за нив­ни­те лич­ни ин­те­ре­си. За жал, нај­го­ле­ми­от дел од се­гаш­ни­те Ма­ке­дон­ци не мо­жат до крај да го раз­бе­рат тоа што се слу­чи­ло на ас­ном­ски­от, а уште по­мал­ку на кру­шев­ски­от Илин­ден. Иде­о­ло­шки­те, обра­зов­ни­те, ин­те­ле­кту­ал­ни­те и дру­ги­те ба­ри­е­ри кај Ма­ке­до­не­цот сѐ уште не доз­во­лу­ва­ат праз­ни­кот, кој е за­ед­нич­ки име­ни­тел за ма­ке­дон­ска­та бор­ба за са­мо­бит­ност и не­за­вис­ност, се­ко­ја го­ди­на да се ко­ри­сти за сми­ру­ва­ње на стра­сти­те од по­ли­тич­ки ка­ра­ктер.

 

Македонија чека разврска

Пропаѓа ли договорот ЕУ – Турција?

Ма­ке­до­ни­ја има нај­мал­ку две при­чи­ни да би­де за­гри­же­на ако не би­де спро­ве­ден до­го­во­рот пот­пи­шан во март од стра­на на Тур­ци­ја и Европ­ска­та уни­ја, спо­ред кој бе­гал­ци­те што од Бли­ски­от Исток и Се­вер­на Афри­ка при­стиг­ну­ва­ат во Евро­па пре­ку тур­ска те­ри­то­ри­ја тре­ба да би­дат за­пре­ни на сво­јот пат. Пр­ва­та при­чи­на за за­гри­же­ност ле­жи во опас­но­ста дел од бе­гал­ци­те што во слу­чај на про­паст на до­го­во­рот ќе трг­нат кон Гер­ма­ни­ја и дру­ги­те зем­ји на ЕУ при­вре­ме­но или трај­но да оста­нат на на­ша те­ри­то­ри­ја, а дру­га­та при­чи­на за за­гри­же­ност е офи­ци­јал­но Скоп­је да би­де ста­ве­но пред из­бо­рот ЕУ или Тур­ци­ја, ка­ко што тоа прет­ход­но не­фор­мал­но се слу­чи со Ру­си­ја и со Ки­на. Ма­ке­до­ни­ја не­ма се­ри­озе­н биз­нис, ин­ве­сти­ци­ски или тр­гов­ски вр­ски со Тур­ци­ја, но, се­пак, во слу­чај на про­паст на до­го­во­рот за бе­гал­ци­те не мо­же да се иск­лу­чи конф­ликт (дип­ло­мат­ски, тр­гов­ски или без­бед­но­сен) ме­ѓу Ан­ка­ра и Бри­сел во кој не­ми­нов­но ќе стра­да­ат исто­ри­ски­те, кул­тур­ни­те и мал­цин­ски­те вр­ски ме­ѓу тур­ски­от и ма­ке­дон­ски­от на­род.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top