Американскиот кошаркар Кевин Дурант ја освои првата олимписка титула уште пред стратот на Игрите во Рио. Тој е најдобро платен спортист меѓу олимпијците што ќе настапат на Олимписките Игри во Рио.
НБА ѕвездата ја предводи листата на спортисти со најголема заработувачка во периодот од јуни 2015 до јуни 2016, што ја објави магазинот „Форбс“. Во овој период, Кевин Дурант заработел 56.2 милиони долари. Дурант минатата сезона настапуваше за Оклахома, а по завршувањето на сезоната потпиша за Голеден Стејт како слободен играч.
На листата која е направена според вкупната заработувачка од плата и парични награди, три од првите пет спортисти се тенисери: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Каи Нишикори. Дурант е еден од четирите кошаркари во Топ 10, покрај Кармело Ентони, Кири Ирвинг и Пол Џорџ.
Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри, Усаин Болт е на 6.место со заработувачка од 32.5 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.