Лондонската полиција ќе распореди по улиците на британската престолнина дополнителни 600 вооружени полицајци, поради заштита од можни терористички напади, објавија градските власти.
Заканата од меѓународен терористички напад во Лондон останува „сериозна“ и испраќањето на дополнителните сили не е одговор на некој конкретен разузнавачки податок, туку одговор на низата смртоносни терористички напади во западноевропските земји.
-Секој што ги следеше настаните во Европа во последните неколку седмици ќе разбере зошто сакаме да ги заштитиме нашите граѓани- изјави првиот човек на лондонската полиција Бернард Хоган-Хоув.
Според полициските прописи, повеќето полициските службеници во Лондон не носат оружје.
Дополнителните сили ќе имаат задача да бидат лесно забележливи со цел да ги одвраќаат потенцијалните напаѓачи, и ќе ја покриваат територијата на цел Лондон, а ќе се движат пеш и во возила.
Лондон беше цел на координирани самоубиствени напади на 7-ми јули 2005 година, кога четворица исламистички екстремисти се разнесоа во три воза во подземната железница и еден автобус, убивајќи 52 луѓе.
Од тогаш биле спречени неколку терористички акција и се случија само неколку помали напади, како оној кога двајца екстремисти масакрира војник во цивил среде бел ден на улица во јужен Лондон во мај 2013 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.