| четврток, 6 декември 2018 |

Остана сираче, ама барем состојбата му е стабилизирана – преживеаното дете од сообраќајката кај Удово е подобро

soobrakjajkakajudovo1uk67i67

Седумгодишното дете кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа кај Удово е во стабилна општа здравствена состојба и веќе не е во животна опасност. Неговите мајка и татко утрово загинаа во сообраќајната несреќа на патот Демир Капија – Удово.

Загина 41-годишниот возач на „фиат сеиченто“ и неговата 32-годишна сопруга, обајцата од Скопје. Нивниот син утрово со тешки повреди бил пренесен на лекување во скопските клиники.

Сообраќајката се случила околу 7 часот, а во неа учествувале автобус од Струмица кој директно удрил во „фиатот“, обидувајќи се да избегне директен судир со возило „ауди“ со германски регистрации кое претекнувало. „Аудито“ се движело во правец на Гевгелија. Повредени биле и патници на „аудито“ кои се на лекување во велешката болница. На хирушкото одделение се примени жена и нејзините две деца.

Сообраќајот на делницата Демир Капија – Удово неколку часа беше во прекин, но сега е веќе нормализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top