Како што дознава српски Скандал, Тијана Дапчевиќ оди во келнерки. Пејачката изјавила дека нема срам кога е во прашање било кој работа.
-Баш зборував со луѓето, колку е нашиот народ чуден. Чудни се луѓето во Србија, но и во регионот.Ако се занимаваш со пеење не смееш да работиш ништо друго во животот. Јас не го разбирам тоа. Ако си забавувач, твојата мисија е да знаеш се да работиш и да пееш и да играш, твојата мисија на оваа земја е да забавуваш, не само да пееш. Кога би била келнерка, би била фамозана. Јас токму во новата серија глумам Германка, која работи во еден пансион, каде се мора да биде цакум пакум, така што јас сум една многу вредна келнерка – вели Тијана за Скандал, признавајќи дека сепак пеењето и е на прво место засега.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.