| четврток, 6 декември 2018 |

Хајл Маркел: Турски весник објави фотографија на канцеларката налик на Хитлер

Турскиот весник „Акшам“ на својата насловна страница објави фотографија од германската канцеларка, Ангела Меркел налик на нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер.

На ликот на Меркел се нацртани мустаќи какви што имал лидерот на Третиот рајх, а нејзината рака е подигната во воздух со исправена дланка, односно станува збор за познатиот нацистички поздрав.
Германскиот весник „Шпигел“ пишува дека „Акшам“ е режимски весник и дека се работи за близок медиум до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Турските новинари со ова реагираат на одлуката на Германија да забрани вклучување во живо на Ердоган на митингот во Келн кој се одржуваше минатата недела.

Поради ваквата одлука на германските власти, и останатите турски медиуми блиски до Ердоган остро реагираа. Весникот „Јени акит” имаше наслов дека „Германија не е пријател, туку непријател“.

И весникот „Таквим“ објави текст во кој се тврди дека Германија која што навидум го отфрлила нацистичкото минато, конечно ја симнала маската, а во продолжение на текстот се вели дека германските власти ја поддржувале бандата на имамот Фетула Ѓулен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top