52-годишниот Дејан Цаниќ од Сокобања со пиштол ја убил сопругата, 39-годишната Марија, а потоа на истиот начин и сам си пресудил. Телата на сопружниците, чиешто исчезнување беше пријавено, се пронајдени покрај автомобил во подножјето на планината Ртањ.
Се претпоставува дека мотивот е љубомора, но со понатамошната истрага ќе бидат утврдени околностите во врска со овој случај. Според зборовите на изворот од истрагата, се претпоставува дека Дејан и Марија се скарале, по што дошло до трагедијата, пишува србијаданас.рс.
-Наводно и предложил да одат на ручек на планина. Сомненијата се дека Цаниќ, додека се враќале дома, изненадно свртел на напуштен пат во атарот на селото Рујиште и застанал по 250 метри – вели соговорникот.
Според неговите зборови, се претпоставува дека Дејан потоа го извадил оружјето, па ја убил сопругата и самиот себе.
Познаниците велат дека Марина била добра и љубезна жена.
-Заедно ги носевме децата на училиште. Таа има ќерка која е во основно училиште, како и мојот син. Има и постара ќерка, која тргна во Медицинско училиште. Марија беше грижлива спрема децата. За нејзиниот сопруг не знам што би кажала, но ако стварно ја убил, не треба да го погребаат, туку да го запалат – вели потресена познаничката на Марина.
Според зборовите на соседите, Цаниќ живееле мирно, а како и во секое семејство и кај нив имало мали несогласувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст