| четврток, 6 декември 2018 |

Му експлодира Ајфонот во џеп: Бутот му е разнесен (вознемирувачко фото)

Страшна несреќа доживеа 36 годишниот Гарет Клир од Велика Британија кога неговиот Ајфон експлодирал по пад од велосипед. Последиците по оваа експлозија се тешки изгореници на неговиот бут и ногата.

gjkdjkghjkdfgkdfjs

Несреќниот маж приметил дим и зголемена топлина од својот телефон неколку секудни пред експлозијата, што предизвикало топење на неговите панталони и на два слоја кожа на десниот бут.

-Телефонот не удри на земја, тој само спонтано се запали. Тоа беше еден случај во милион. Случајно го погодив делот кој ја проби батеријата и експлодира, изјави тој за медиумите.

Клир е на инфузија и потребна му е трансплантација на кожа, со цел да се спречат инфекции на раните. Лекарите велат дека неговото заздравување ќе трае со недели.

Тој тврди дека од Apple ветиле дека ќе го истражат инцидентот, иако компанијата официјално се нема огласено за овој инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top