Два автобуса со повеќе десетини патници паднаа во надојдената река Савитра, откако на автопатот Мумбај-Гоа во Индија се урна дел од стар мост, поради што се стравува дека се можни голем број жртви, информира денеска индиската полиција.
Неколку часа од уривањето на мостот, што се случило ноќеска, спасувачите сè уште во реката не ги пронашле возилата, ниту преживеани лица, пренесоа индиските медиуми.
– Веднаш по пријавата на несреќата на лице место пристигнаа околу 80 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи, но силниот дожд ги попречува нивните напори – изјави шефот на Националната служба за вонредни ситуации О.П. Синг.
Синг додаде дека, според првичните информации, во реката Савитра паднале најмалку два автобуса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст