| четврток, 6 декември 2018 |

Британија ја тресе голем скандал: Ист човек ги финансирал Камерон и Аркан!

Сега веќе поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон се наоѓа на жесток удар на британските медиуми поради блиските врски со бизнисменот Јан Тејлор чија што компанија во минатото го финансирале Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е во средиштето на голем скандал затоа што еден од најголемите донатори за неговата кампања бил бизнисмен кој што соработувал со починатиот Аркан.

Станува збор за контроверзен нафтен магнат – Јан Тејлор, кој за време на деведесетите години на тогашниот командант на Српската доброволна гарда му платил еден милион долари за „наплатување на долг“.

zeljko-raznatovic-arkan-jan-tejlor-foto-profimedia-ps-1470079822-960409

Тејлор во повеќе наврати уплаќал пари на сметката на Конзервативците на чие чело беше Дејвид Камерон, а ја финансирал и последната кампања на Камерон за останување во рамките на Европската унија. Тејлор платил 300 илјади фунти за кампањата против Брегзит, а исто така платил и половина милион фунти за кампањата против напуштањето на Шкотска на Велика Британија.

Dejvid-Kameron1

Британските медиуми пренесуваат дека Камерон преку 20 пати летал со приватниот авион на Тејлор пред да стане премиер. За возврат, Камерон го предложил Јан за добитник на медал за витез која што премиерите во заминување по традиција ја доделуваат на заслужни поединци. Проблемот настанал откако бил обелоденет тој список по што Камерон се нашол на мета на јавноста поради блиски односи со контроверзен бизнисмен кој е вклучен во сомнителни бизниси со нафта ширум светот.

Тејлор бил актер во неколку нафтени афери во Иран и Либија, а британските медиуми потсетија дека во деведесетите соработувал со Аркан кој што добил еден милион долари. Тејлор тогаш бил претседател на компанијата „Витол“ која што се занимавала со нафтени бизниси од кои еден и во Југославија која што била под санкции.

Југословенската фирма „Орион“ која соработувала со „Витол“ во 1996-та година ја тужела британската компанија и го добила спорот, а повод за тужбата бил тоа што „Витол“ одлучиле да соработуваат со „Југопетрол“ откако биле тргнати санкциите. Врз основа на пресудата, „Орион“ на „Витол“ им заплениле 8 илјади тони нафта кои што биле складирани во Нови Сад, Србија.

Меѓутоа, британската фирма очигледно не се помирила со таквиот епилог, па еден од директорите Боб Финч, преку своите врски во Србија стапил во контакт со Аркан кој му ветил дека ќе го реши тој проблем. Според сведочењето на Финч, неговата компанија имала „свои луѓе“ во Белград.

„Ми рекоа, оди во Белград, најди се со човекот. Тој ќе го среди проблемот. И да бидем искрен, тој навистина го среди проблемот“, откри Финч.

Аркан на 10-ти април ги повикал Финч и сопственикот на „Орион“, извесен Свето Радовиќ во својата куќа. Резултатот на тој договор бил Радовиќ да се согласи на нов договор со британската компанија, а Аркан за услугата наплатил еден милион долари. Кои „аргументи“ ги имал Аркан за да го убеди Радовиќ, може само да се нагаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top