| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА стои зад обидот за пуч во Турција?

Обидот за пуч во Турција е организиран од мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, изјави поранешниот началник на турскиот Генерал-штаб, Илкер Башбуг, во интервју за Си-ен-ен Турк.
Според него метежот на 15 јули не бил преврат, затоа што не наликува на воените преврати.

-Според ништо не наликува на претходните преврати. Поради тоа јас не го одобрувам определувањето на метежот на 15 јули како воен преврат. Тоа е вооружен метеж на мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен– рече Башбуг.

Тој наведува дека ЦИА е „мозокот“ на обидот за преврат.

-Војниците на Ѓулен, кои се влезени во турската војска, не дејствувале по своја волја, за никакви свои цели, како што и обично се случува при превратите. Нема никакви податоци за тоа, дека тие имале некакви свои цели и задачи. Многу јасно се гледа дека ова движење исполнува цели и задачи кои се дадени од надвор- вели Башбуг.

Додава дека три воени групи учествувале во обидот за преврат.
Во меѓувреме и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го обвини Западот за поддршка на пучистите.

Обидот за пуч се случи минатиот месец со цел соборување од власт на Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top