Откријте како кој знак ја саботира својата љубовна врска или брак во некои свои лоши фази, несигурностите или во незадоволство.
Овен
Припадниците на овој знак можат да ја саботираат својата врска или брак надевајќи се дека партнерот би требало да живее по нивни правила, додека тие не планираат да живеат по никакви планови. Тогаш губат трпение за несовршеноста на другите, им префрлуваат, а самите се лутат ако слушнат критика. Се поставуваат супериорно и како судија кон партнерот, а негативните и цинични коментари ги нафрлаат во најлошо можно време како ниски удари. И навистина мислат дека можат да викаат, навредуваат кога се многу лути. Односот го доведуваат до крај и со своето флертување и влегување во различни комбинации со други.
Бик
Припадниците на овој знак можат да го упропастат љубовниот однос така што едноставно ќе дигнат раце од него, се преправаат дека ништо не ги засега и дека тие ништо не мораат да преземат. Така на партнерот му даваат на знаење дека имаат своја гордост и дека е на него ред да се грижи. Бидејќи немаат големи барања, сметаат дека другата страна може лесно да ги задоволи и поради таа нивна пасивност исто така може да заврши односот. Понекогаш толку ќе му паметуваат на партнерот и ќе го третираат како мало дете, што делува многу лошо на самодовербата на партнерот, а со тоа и на среќата. Ако се заинатат, од своето мислење нема да отстапат ни милиметар, па дури ако знаат дека поради тоа подоцна ќе патат.
Близнаци
Ако им дојде така, припадниците на овој знак можат во односите да се однесуваат речиси психопатски. На партнерот јасно и гласно сакаат да му дадат на знаење дека го игнорираат. Покрај тоа, можат да изгледаат како да се на поход, во кој само чекаат партнерот да згреши, за да му префрлат и покажат дека тие се подобри и попаметни. Потребата за слобода кај Близнаците исто така може да го избрка партнерот. Во состојба се толку да ги одлагаат обврските( на пр. брак) колку подолго можат, а и подоцна настојуваат да држат дистанца. Склони се на измама ако не се задоволни во односот и не само за да си до задоволат егото, туку и за да си пронајдат резерва.
Рак
Претерана драматичност, премногу обрнување внимание, нервирање за ситници се начините на кој припадниците на овој знак го уништуваат својот љубовен однос. Ако се повредени, можат да кажуваат зборови кои партнерот ќе го бодат право во срце, можат да казнуваат со разни методи, дури и да не помислат дека ни малку не се во право. За некои поголеми работи во состојба се да се лутат со месеци и години, постојано префрлувајки.
Лав
Припадниците на овој знак можат да го направат односот толку важен и да го стават под лупа анализирајки го секој детал, а тоа може да стане премногу за другата страна. Сакаат да бидат заљубени во некој, но нивниот страв дека тоа ќе престанат, сомневање во партнерот и читање на непостоечки сигнали ги води во маѓепсан круг во кој веќе никој или ништо неможе да ги исполни нивните очекувања, бидејќи не бараат ништо конкретно. Ако подолго време не добијат доволно внимание, едноставно се одљубуваат, па дури почнуваат и да го мразат партнерот.
Девица
Со припадниците на овој знак партнерот треба да знае – негова работа е да се грижи и да ја усреќи Девицата. Поради тоа може да се каже дека односот со нив не е врска – туку работа, а треба да се мисли и на илјада детали. Најголема штета и саботажа на врската ја прават со пасивната агресија, очекувањето партнерот да им ги чита мислите и егоизмот, додека од партнерот очекуваат се да подредат според нив. Пред раскинувањето долго ќе им префрлаат, а потоа само ќе заќутат, со лута фаца и со носот кренат до небо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст