Едно лице загина утрово при судир на патничко моторно возило и автобус на магистралниот пат Удово-Демир Капија. Увидот на местото уште трае, а сообраќајот е во прекин во двата правца.
Како што информира Лиза Бендевска од МВР, сообраќајката се случила околу 7.20 часот кога „фиат сеиченто“ со скопски регистарски ознаки удрил во автобусот.
– На самотот место е загината сопатничката од „фиатот“ – соопшти Бендевска.
Повеќе детали за сообраќајката ќе бидат соопштени во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.