Турскиот весник „Аксам“ на својата насловна страница објави фотографија од германската канцеларка Ангела Меркел која алудира на ликот на Адолф Хитлер.
На ликот на германската канцеларка ѝ се доцртани бркови какви што имал Хитлер, а нејзината рака е крената во воздух, потсетувајќи на нацистичкиот поздрав.
Германскиот весник „Шпигел“ оценува дека Аксам се вбројува во медиумите кои ја поддржуваат актуелнаа турска власт. На тој начин новинарите реагирале на одлуката на Германија да забрани вклучување во живо на турскиот претседател на митингот во Келн кој беше одржан минатата недела.
Одлуката на Берлин остро ја критикуваа и други медуми во Турција, додека весникот „Јени Акит“ објави текст со наслов „Германија не е пријател, туку непријател“.
Истовремено, весникот „Таквим“ објави текст во кој, меѓу другото, се наведува и дека Германија, која наводно се ослободила од нацистичкото минато, конечно, ја симна маската, како и дека ја поддржува пучистичката банда на Фетулах Ѓулен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст