| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавената болест се врати: Едно лице почина, а 20 се заразени

Едно 12-годишно момче почина од антракс, а уште 20 луѓе се заразени, соопштија руските власти во северозападниот дел на Сибир.

Властите во областа Хамало-Ненец сооопштија дека вкупно 90 жители се подложени на проверки во болница, а местото е во карантин.

На појавата на заболувањето му претходело тополотен бран, по што прво угинале 2.300 ирваси. Жителите во овој регион одалечен 2.000 километри од Москва се номади, кои одгледуваат ирваси.

Гувернерот на областа рече дека сите ирваси биле вакцинирани, но угинувањето не е сопрено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top