| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Стана Церовиќ последната црногорска Вирџина

virdzina
На 85 години влчера починала Стана Церовиќ, последната црногорска Вирџина. ПОследните денови ги мина во дом за стари лица, пренесоа медиумите.
Родена во триесетите години од минатиот век, таа имала четири сестри и двајца браќа кои умреле како млади. Како дете му ветила на татка си Миливој дека ќе го зачува презимето и дека никогаш нема да се омажи.
Ветувањето никогаш не го прекршила. Долго била глава на семејството околу кое се собирале.
Вирџини се жени кои заради обичаите или заради тоа што во семејството немало машки деца, се зарекувале дека никогаш нема да се венчаваат, раѓаат, дека ќе носат машки облеки, ќе се однесуваат како машки и ќе работат машки работи.

Освен кај црногорците, Вирџини има и кај Албанците на Косово и во северна Албанија, потоа во Книнска Краина, каде било срамно да нема машки деца, исто како и во Гусиње, од каде е Церовиќ.

Црногорските Вирџини за разлика од албанската традиција, каде на целибат се зарекувале заради раскинување на веридба и заради можност од крвна одмазда билое присилувани до крај на животот да не се венчаваат, на ваков начин на живот се определувале исклучиво заради тоа што во семејството нема машки деца.
Преземањето на машки идентитет, освен бенефитите кое црногорското традиционално општество им ги нудело, тие имале многу повеќе. Според сеќавањето на луѓето, го користеле правото со работа да помогнат на семејството да се прехрани и да согласно непишаните начела на родовско-племенските организации на општеството, да придонесат за негов опстанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top