| четврток, 6 декември 2018 |

Стојаноски и Тримчевска победници на „Илинденскиот пливачки маратон“

ohridskiАндреј Стојаноски и Стефани Тримчевска се победници на 37-то издание на „Илинденскиот пливачки маратон“ кој традиционално се одржува на 2 август во водите од Охридското Езеро.
Андреј Стојаноски од скопскиот клуб Бета триумфираше во трката на 2.5 километри од хотелот „Парк” до Градското пристаниште. Тој оваа делница ја преплива во време од 32:53:51 минути, со што го оствари својот четврти триумф на ова натпреварување.
Зад Стојаноски, на второто и третото место беа неговите клупски колеги, Мартин Тодоровски  со заостанување од 58. секунди, односно Леонид Мишевски кој имаше 3:14 секунди послабо време од победникот.
Во женска конкуренција најдобра беше Стефани Тримчевска која патеката ја мина за време од 41:44:34 минути пред Ели Темелковска од ПК Охрид (54.27.33).
На 37-то издание „Илинденскиот пливачки маратон“  учествуваа вкупно 52 пливачи во четири категории. Маратонот го завршија сите пливачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top