Наместо парични награди, севернокорејските Олимпијци кои ќе освојат медал, ќе бидат наградени со ослободување на воените задачи во својата држава.
Државниот врв на Северна Кореја одлучи да ги награди своите спортисти кои ќе освојат медал на Олимпијадата во Рио, со ослободување од извршување на воените задачи. Наместо финансиски стимул, како што тоа го прават во сите останати делови од светот, најконзервативната држава даде интересен стимул на своите натпреварувачи.
Иако многу ќе помислат дека ова е мизерен стимул, сепак ако се земе предвид дека во оваа држава служење војска за мажите е 10, додека за жените е седум години, јасно е со каков мотив ќе настапат Олимпијците од оваа република.
Во војска се тргнува веднаш по завршувањето на средното училиште, додека тие кои што ќе се одлучат да го продолжат своето едуцирање на факултет, добиваат одредено намалување за отслужување на воениот рок. Еден од главните проблеми со кои се соочуваат војниците е гладот. Сите тие што се дел од специјалната единица се добро згрижени, додека војниците надвор од главниот град Пјонгјанг добиваат само по три компири за јадење дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит