Полскиот интернационалец Аркадиуш Милик и официјално потпиша договор со Наполи и од Амстердам се сели во Неапол. Досегашниот напаѓач на Ајакс во следните пет сезони ќе биде „наполитанец“, а во претстојната сезона ќе го носи дресот со број „99“.
Милик вечерва го има и своето прво претставување пред публиката во Неапол, и тоа на 90-годишнината од постоењето на клубот. Наполи игра пријателски натпревар со францускиот прволигаш Ница.
– Не сум Игуаин, но верувам дека ќе постигнам многу голови за Наполи и дресот ќе го носам со многу страст – изјави Аркадиуш Милик при презентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот