Гигант како Барселона е моќен во бројни различни спортови, а тоа им овозможува на каталонците полесно да привлекуваат врвни засилувања. Најнов пример за тоа е трансферот на Адам Ханга, крилниот кошаркар на Лаборал Куча кој ќе ја засили Барселона како замена за Алекс Абринес, кој замина во НБА-лигата.
Ханга е врвен кошаркар и неговата преселба во Барселона не е изненадување, но интересен е начинот на кој каталонскиот гигант го убедил првиот човек на Лаборал, Жозеан Керехет, да го одобри овој трансфер. Имено, Керехет воедно е и сопственик на фудбалскиот клуб Алавес, а Барса покрај паричната отштета што ќе ја плати, ќе испрати и најмалку еден свој фудбалер во оваа екипа.
Баскијците очигледно добро ќе заработат од продажбата на Ханга, од која ќе „ќари“ и фудбалскиот клуб Алавес, за кој не се исклучува можноста да ја продлабочи соработката со Барселона и да доведе на позајмица уште неколку играчи од младинскиот погон на каталонците.
Интересно, ова не е прв случај фудбалска секција на некој гигант да нуди играчи од различен спорт. Првпат преседанот го направи Галатарај пред пет години, нудејќи три фудбалери на Каршијака за да го доведе во своите редови турскиот кошаркарски репрезентативец Фуркан Алдемир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно