| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот и исчезнал пред 9 години, а потоа случајно се сретнале на паркинг

Карен со години го барала маж ѝ и конечно го нашла по девет години, откако исчезнал од нивниот дом. Тогаш открила дека оженил друга жена.

-Не можев да сфатам како повторно се оженил. Што направил со мојот идентитет, вели Карен.

Сепак, тоа не му било првпат на Адам да остави жена со која е во брак, ниту пак му било прв пат да ја напушти Карен. Имено, тие двајца се запознале додека тој бил оженет.

-Ми зборуваше дека ќе се разведе од неа затоа што сака да биде со мене и сака да имаме деца, изјавила Карен.

После некое време Адам навистина се развел и после само една година се венчал со неа на Денот на вљубените. Сепак после извесен период поминат во брак, тој ја оставил и и напишал писмо.

-Кога прв пат ме остави, се чувствував како некој да ми го извадил срцето. После само неколку недели се врати и пак продолживме каде што застанавме. Поминаа две години и пак го снема. Ме остави во долгови и сама, раскажува несреќната жена.

После тоа за него немала слушнато цели девет години, се додека не го сретнала случајно на паркинг. Тогаш му пришла и го замолила да и даде развод.

-После 9 години го видов случајно на паркинг. Му реков да ми даде развод, а тој ми кажа дека ќе ме побара. Нормално, тоа не се случи. После само неколку дена од нашата средба дознав дека е оженет и се шокирав, вели во својата исповед Карен.

Таа решила да го тужи Адам за измама и во моментов се на суд. Откако ќе заврши судењето Карен планира да се разведе од него и да се омажи за момчето со кое е неколку години во врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top