Републиканскиот кандидат за Белата Куќа Доналд Трамп за својата ривалка изјави дека е „ѓавол“ и дека изборите ќе бидат наместени.
Трамп на митингот во Пенсилваниј го нападна и Сандерс поради тоа што ја изгуби битката во трката за номинацијата на Демократската партија.
– Направи договор со ѓаволот. Таа е ѓавол, истакнал Трамп, пишува БИ – БИ – СИ.
Тој во Охајо зборува и за тоа дека се плаши оти изборите ќе бидат наместени, што како што наведува „Гардијан“ е изјава без преседан за кандидат на една партија во САД.
– Да бидам искрен, се плашам дека изборите ќе бидат наместени, изјавил Трамп.
Ваквиот негов став тој го повторил и при негово гостување во Фокс Њуз:
-Подобро да бидеме внимателни на 8 ноември, изборите ќе бидат намесетни. Се надевам дека републиканците се внимателни или некој се ќе ни одземе, рекол Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст