| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавил на рачната: Весниците завршија во Јадранот

kombe

На хрватскиот остров Пашман граѓаните останаа без весници. Тие завршија во морето.

Не, не се работи за некаков револт против печатот, туку едноставно за заборавена рачна кочница. Возачот застанал да ги истовари весниците, заборавил да ја подигне рачната кочница и комбето заврши во Јадранот.

kombe2Целата ситуација дополнително се усложнила потоа, бидејќи комбето завршило во делот на пристаништето каде застанувале траектите , што потоа додека траела операцијата за вадење на комбето од вода, целиот возен ред бил растурен.

Ај што останале без весници, жителите останале и заглавени на островот. Ете, повторно печатот покажа што може, се шегуваат колегите новинари од Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top