Туристи од Словачка се упатиле на јадранското приморје. И тоа не е ништо ново, но ново е тоа што овие двајца, кои се фотографирани на автопатот кај Карловац, Хрватска, годинава на одмор тргнале со – Трабант.
И бидејќи ова возила старо околу половина век нема ниту вентилатор, а не пак, клима, на летните горештини и зовриениот асфалт веројатно единствено можеле да се разладат со – отворена врата.
Возеле околу 100 км/ч со отворена врата, за да се оладат, раскажуваат хрватските медиуми. Притоа не само што вратата им била на пола отворена, туку возачот успеал и некако да се „налакти“ на отворениот прозор.
Ваквото возење, секако не само што е недозволено на автопат, туку е и многу опасно. Сепак, фотографијата „со трабант на море“ ги освојува срцата и враќа во носталгичните 1965 година кога за прв пат е произведен овој легендарен автомобил во Источна Германија. За потсетување, Трабантите се произведени од дурапласт, пластика од рециклирани материјали. Последниот примерок е произведен кога падна Берлинскиот ѕид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)