| четврток, 6 декември 2018 |

Берово: Поставена спомен-плоча за македонските бранители

Денеска беше поставена спомен-плоча во Берово во чест на четворица бранители кои во конфликтот во 2001 година го загубија животот.
Спомен-плочата беше поставена на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“.
Во конфликтот пред 15 години загинаа Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.
Спомен-плочата ја откри градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински, кој истакна дека нивното дело никогаш нема да се заборави во Берово.
-Почитта кон нив останува засекогаш, а преку оваа спомен-плоча нивното дело останува вечно, а нивните имиња остануваат вечно испишани во македонската историја и борба – рече Наџински.
На свеченоста присуствуваа поголем број гости, како и роднини и пријатели  на бранителите, а на спомен-плочата  свежо цвеќе положија делегација од Општина Берово, Советот на Општина Берово и претставници од политички партии и здруженија на граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top