Германските власти го уапсиле 93-годишниот Ханс Липшис, поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц осомничен дека соучествувал во злосторствата во логорот.
Липшис живеел во Германија од 1983 година кога бил депортиран од САД поради тоа што лажел за неговото воено минато.
Поранешниот чувар бил уапсен откако обвинителството заклучило дека постојат сериозни докази дека од 1941 година до 1945 година бил соучесник во злосторствата над затворениците во Аушвиц. Тој признал дека за време на војната бил припадник на стражарската единици на СС во Аушвиц, каде што биле убиени 1,5 милион луѓе, најголем дел Евреи. Сепак, тврди дека бил само обичен готвач и дека нема никаква врска со злосторствата.
Ефраим Зуроф од Центарот „Симон Визентал“, кој се занимава со потрага по преживеани нацистички злосторници, вели дека Липшис е четврти на нивниот список со најбарани воени злосторници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две третини од американската Y генерација не знаат што е Аушвиц
-
Кога љубовта ќе победи: Eдит 71-ва година по ред ќе го мине Св. Валентајн со војникот кој ја спаси од Аушвиц
-
Германски политичар осуден поради тетоважа на логорот Аушвиц
-
БиХ: 10 уапсени за воени злосторства; меѓу нив и полициски функционери