Џеки Кенеди Оназис е водечка икона на стилот за 20 век. Нејзиниот беспрекорен изглед е синоним за добар моден вкус. Меѓутоа, приказната за неа не е само модна, важен дел се и нејзините љубовни и сексуални врски.
Нејзиниот брак со американскиот претседател Џон Кенеди траел од 1953 до 1963 година, односно до неговото убиство и атентатот во Далас.

Добро е познат и нејзиниот брак со грчкиот трговски магнат Аристотел Оназис, покрај кого таа била од 1968 до 1975 година.

Но, она што е помалку познато се нејзините односи со познатите холивудски мажи, пред бракот со Кенеди, но и по неговата смрт.
Џеки меѓу останатите успеала да ги освои Марлон Брандо, Пол Њуман, Ворен Бити, Грегориј Пек и Френк Синатра.
Нејзините партнери отворено зборувале за тоа дека Џеки умеела самата да преземе иницијатива и да ги направи првите чекори.
Според поединечни извори, таа не била задоволна од сексуалните умеења на својот прв сопруг, Џон.
Откриено е и како Џеки ја изгубила невиноста – таа авантура се случила во лифт! И по нејзината смрт во 1994 година, приказната за неа никако да заврши…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


