| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар ја пеплоса млекарницата „Николови“ во Свети Николе

Целосно изгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе. Пожарот избувнал во 9.00 часот кога работниците заминувале на пауза за појадок. Според првичните информации, нема жртви во пожарот, но материјалната штета е голема.

Командирот на Противпожарната единица од Свети Николе, Зоран Трајчев изјави дека пожарот почнал од погонот за пакување на млеко и на млечни производи. Сите работници навреме се евакуирани, а пожарникарите извлекле и две големи плински боци со цел да не дојде до експлозија на објектот.

Во интервенцијата на гаснење на пожарот биле вклучени сите пожарникари од Свети Николе, а екипи пристингале и од територијалните противпожарни единици од Штип и од Велес.

Пожарот во моментов е локализиран, а пожарникарите се сè уште таму со цел да не дојде до повторно разгорување на огнот.

Во текот на денот се очекуваат допонитлени информации за причините на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top