| четврток, 6 декември 2018 |

Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов

На седмата Школа за млади лидери, што ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид, под покровителство на претседателот Иванов, ќе учествуваат 45 млади лидери и 21 предавач.

Предавачи се еминентни професори, бизнисмени, претставници на институции од земјава и од странство.

-Очекуваме и годинава да продолжи нагорниот тренд во развојот и во функционирањето на Школата за млади лидери, која стана значаен сегмент и платформа во општественото дејствување на успешните млади луѓе“, велат од Кабинетот на Иванов.

Во изминативе шест години, Школата за млади лидери ја посетиле 240 луѓе од различни академски и професионални области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top