| четврток, 6 декември 2018 |

Си го исполнил сонот: Русин поминал 720 километри со тротинет

720 километри од Санкт Петербург до Москва патувал 26-годишен Русин возејќи се на тротинет.

Со цел да си го исполни сонот, Русинот морал да се одлучи на драстични промени, па затоа дал отказ од работа. Александар Рендаков го почнал неговото необично патување од Санкт Петербург утрото на 21 јули. На 26 јули тој пристигнал на Црвениот плоштад во Москва, со што го завршил шестдневното патување.

mkd-276429

Просечно патувал по 10 часа дневно и поминувал по 120 километри. Преспивал во шатор покрај патот, а со него носел само ранец, вреќа за спиење, храна и кутија со прва помош.

mkd-276430

Александар требало да пристигне за седум дена во Москва, но тоа го направил еден ден порано.

Неколку дена поминал во главниот град на Русија, а потоа се вратил дома, со воз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top