| четврток, 6 декември 2018 |

Мртво девојче пронајдено во Стара Бања во Проевце

Малолетно девојче е пронајдено мртво во напуштениот базен во поранешната, Стара Бања во Проевце.

Телото на девојчето е предадено на обдукција, која треба да ги открие и причините за смртта, пренесе радио „Бум“.

Неофицијално, група деца го користеле напуштениот базен, но девојчето не знаејќи да плива влегло и се удавило.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се чека официјална информација за немилиот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top