| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: САД треба да ја прифатат руската анексија на Крим

Кандидатот на републиканците за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со уште една контроверзна изјава ја „разбрани“ американската јавност.

Доналд Трамп, кој во ноември ќе се бори со Хилари Клинтон за Белата куќа, сугерираше дека Соединетите Американски Држави треба да ја прифатат руската анексија на Крим, ако тоа значи подобрување на односите со Москва и посилна соработка во борбата против Исламската држава.

Кандидатот на Републиканците за претседател на САД, во интервјуто за американската телевизија „ABC“ изјави дека „жителите на Крим попрво би биле дел од Русија, отколку Украина“, и предизвика лавина на реакции, посебно кај демократите.

BD82040F30141A4EA9E7A999447019DD

Неговата изјава е во целосна спротивност со администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, која пред две години, токму поради анкесијата на Крим и конфликтот во Украина, им воведе на Русите економски санкции, кои траат и ден денес.

Обединетите нации не сакаат државите да го признаат Крим како дел од Руската Федерација, а некои истакнати Републиканци остро се противеа на анексијата, нарекувајќи ја „руска агресија“, пренесува новинската агенција „AP“.

Ваквата изјава на Доналд Трамп секако им оди во прилог на Демократите кои велат дека Доналд Трамп е продолжена рака на Владимир Путин, а неодамна ги обвинија Русите дека токму по наредба на официјална Москва, серверите на Демократската партија биле хакирани по што настнаа низа на скандали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top