Во изминатиот период, претставници од неформалната група „На точак“ одржале средба со комерцијалниот директор на „МЖ-Транспорт“, Kире Диманоски, на која разговарале за можностите за интеграција на велосипедскиот и железничкиот сообраќај, по што наведената одлука е донесена, во духот на развиените земји, каде што одамна се применува.
Цената на превоз на велосипед ќе биде 177 денари, а наплатата ќе ја извршува кондуктерот. Исто така, велосипеди ќе може да се внесуваат само каде што има ознака за такво нешто.
– Дирекцијата на патничкиот сообраќај одлучи од 1 август годинава, велосипедите повторно да се примат за превоз. Бидејќи техничките можности и услови во возовите на „МЖ-Транспорт“ не соодветствуваат со посебен простор за превоз на велосипеди, а со цел да се задоволат потребите на патниците, превозот на велосипеди ќе се ограничи по вид на возови -информираат од акционерското друштво.
Односно, превозот на велосипеди ќе се одвива во возот со ознака ЕМВ 412, каде што ќе има осум места за транспорт на овој тип превозно средство, и во ДМВ 712, каде што ќе има пет места.
– За возовите во кои се дозволува превоз на велосипед, патникот сопственик на велосипедот треба да биде во близина за да реагира и да го тргне во случај да треба да влезе лице со посебни потреби и да смести инвалидска количка. За бројот на велосипеди што се внесуваат во воз решава кондуктерот, на самот место, кој ќе им овозможи предност на лицата со посебни потреби што се превезуваат со инвалидски колички. Доколку овој простор не е искористен, во возот ќе се прими за превоз велосипед – појаснуваат од „МЖ-Транспорт“, дополнувајќи дека за возовите со серија ДМВ 711 и ЕМВ 411 ќе се разгледа можноста за дозвола на ограничен превоз на велосипеди и дополнително ќе се донесе одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст