| четврток, 6 декември 2018 |

Прва во Европа, трета во светот – Бугарија лидер во производство на билки

Бугарија е на трето место во светот и лидер во Европа по производство и извоз на билки. Годишно во земјате со одгледуваат 15.000-17.000 тони медициснки и ароматични растенија, а од нив едвај 2.000 до 3.000 тони се преработуваат или консумираат во Бугарија, информира Фондацијата „Информација и заштита на природата“.

Околу 200 бугарски билки од 140 растителни видови се извезуваат, првенствено во Германија (65 проценти), Шпанија (10 проценти),, Италија и Франција (по пет проценти) и други дражви (15 проценти). Повеќе од 85 проценти од лековитите растенија во Бугарија се извезуваат во сурова форма за длабинска преработка во странство. Потоа тие се враќаат во земјата во форма на храна, козметички и медицински препарати по многу повисоки цени, истакнуваат експертите.

Според нив, земјата и бугарскиот бизнис губат многу од фактот што извезуваат лековити растенија во сурова форма, а не ги преработува, што генерира понизок профит.

Во врска со тоа Фондацијата „Информација и заштита на природата“, заедно со претставници од науката, работат активно за популаризирање на лековитите растенија како алтернативен бизнис во бугарските планински села.

Проектот „Модел за зачувување и контролирано користење на лековитите растенија на општинско ниво, со учество на граѓанските организации, локалните заедници и медиумите“, се финансираат од Бугарско-швајцарска програма за соработка. Целта е зголемување на информираноста за тоа дека бугарските лековити растенија можат да бидат клуч за развој на одржливи бизнис иницијативи во Бугарија, информираат експертите.

Смилот е новиот хит меѓу етерично-маслените култури

Во Бугарија веќе има земјоделски производители кои успеале да го затворат кругот – тие произведуваат лековити растенија, ги преработуваат и тгуваат со етерични масла на светските берзи. Таков пример е Ридван Илијаз, кој е еден од најголемите производители на етерични масла во Бугарија. Тој започнал да се занимава со билки во 2004 година, а денес извезува масла од етерично-маслени растенија во десет држави, меѓу кои во Франција, Германија, САД и други.

Во околината на Казанлак, во селото Гебарево, Ридван Илијаз одгледува и обработува насади со маслодајна роза (120 декари), лаванда (100 декари), камилица (150 декари), и маточина (50 декари). исто така тој откупува етерично-маслодајни растенија, ги преработува во масла и ги продава во странство. Годинава тој планира да посее и 10 декари со смил, раскажува Ридван Илијаз.

Смилот (Helichrysum arenarium) е познато и како „камен цвет“, „бесмртниче“, сув цвет“. Во минатото, оваа билка била користена за лекување шап, па затоа ја нарекуваат и „шапова билка“.

Според екпертите, смилот се карактеризира со исклучително лековити својства и денес многу се користи во фармацевтстката и парфимериската индустрија. Се користи и за отстранување на лузни по операции, за ревматизам, жолтица, камен и песок во жолчниот меур, против воспаление на бубрезите и на мочниот меур, при невралгии, низок притисок, за лекување на гинеколошки и кожни болести итн.

Според Ридван Илијаз, смилот е новиот хит меѓу етерично-масодајните култури и маслата кои се добиваат од нив.

– Смилот сака варовита почва, богата со калциум и киселост меѓу 7 и 7,5, па затоа не може да вирее насекаде низ Бугарија, појаснува Илијаз. Според него, за една до две години на светските пазари ќе има зголемена побарувачка на масло од имуртела. Во моментов, смилот главно се произведува на Коризка и во Босна и Херцеговина.

Според експертите, од 650 килограми се добива еден килограм масло, а 1 килограм масло од смил на светските пазари се продава по цена од 1.500-1.800 евра.

Ридван Илијаз смета дека годинава ќе има добар пазар за маточината, смилот и розите. – Има порабувачка и за семе за горчица, вели тој.

– Заради се поголемото одгледување на лаванда во нашата земја, годинава прво ќе биде откупено количеството масло и биомасло. Околу 30 проценти од маслото од лаванда ќе остане непродадено, смета Илијаз.

Бугарија е меѓу лидерите кои извезуваат лековити растенија

Заради својата географска положба и климата, Бугарија е исклучително богата со разновидни билки. Ресурсите на билки на Бугарија можат да бидат бенефит за голем дел од населението, коментираат експерти од Фондацијата „Информација и заштита на природата“.

Според нив, при правилно искористување на лековитите растенија една третина од народот би можел да се прехрани од тоа богатство.

Експертите сметаат дека можностите за искористување на економските бенефити од ресурсите со лековити растенија се повеќекратни.

– Освен собирање на билковите суровини, извлекувањето на лековитата моќ на растенијата преку преработка и производство на крајни производи кои ќе содржат лековити екстракти, Бугарија може да биде и успешна дестинација за специјализирани туристички и кулинарски услуги, поврзани со билките, посочуваат експертите од фондацијата.

– Нашите народни традиции и зачуваната бугарска природа се одлични предуслови за развој на производи и услуги поврзани со билките, кои ќе обезбедат развој на локалните заедници и ќе создаваат интерес за Бугарија како главна дестинација на билки, сметаат од Фондацијата „Информација и заштита на природата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top