| четврток, 6 декември 2018 |

Летувалиштата се наполнија, се бара место повеќе

­

орид

Сместувачките капацитети на охридско­струшката ривиера се исполнети целосно, се бара место повеќе за овој претпразничен викенд. Најбројни се гостите од Холаднија, но се поприсутни се и од Израел, Белгија, Турција, соседните земји, а се зголемува и бројот на домашни туристи, оцени претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески. ­

-Хотелските капацитети последниве 10­тина дена почнаа да се исполнуваат над 90 проценти. За празничниот викенд скоро и да нема соби дури и во приватното сместување речиси се е исполнето. Тоа го очекувавме и работиме сите да имаме целосна исполнетост и добра сезона. Добро е што се враќаат странските гости и тоа е добар знак за следната година. Ако немаме некои немири и несакани работи на Балканот би имале уште подобра туристичка сезона- изјави Блажески.

Најголемо зголемување нагласи дека имало кај домашните гости, но и кај оние од соседна Албанија, а мало зголемување има и кај гостите од Србија.

-Работиме на поголемо зголемување на гостите од соседните земји. Секој гостин кога ќе дојде треба да му ги дадеме условите што ќе ги посака, бидејќи ако еднаш си отиде незадоволен тогаш тој ќе врати уште 10 други, но ако отиде задоволен ќе донесе уште 10 нови- посочи Блажески.

Со намалувањето на бројот на ноќевања поради бегалската криза и правењето посебни аранжмани, првиот човек на ХОТАМ подвлече дека значително е зголемен бројот на домашни гости. ­

-Има зголемување на посетеноста кај домашните гости за хотелски услуги. Од бегалската криза се намали бројот на ноќевања, направивме некои пакети и понуди што придонесе позитивно да се зголеми бројот на домашни туристи. Се надеваме дека истото ќе се пренесе за следната година- истакна Блажески, прецизирајќи дека уште од сега се работи на продажба на аранжмани за следната година. Голема посетеност, додаде, годинава има и Преспанкото крајбрежје каде се направија неколку нови плажи, а да не го изоставиме и Дојран, кој е полн со гости. Тој им препорачува на домашните гости да ги посетат убавините на Македонија. ­

-Квалитетот на услугите е на повисоко ниво и сите хотели и помали сместувачки капацитети се подготвени да ве дочекаат. Посетете некоја македонска дестинација, без разлика дали ќе биде едно од езерата кое ќе го одберете или ќе се одлучите за друга алтернатива- нагласи Блажески.

Интересот за инвестирање во туризмот, според претседателот на ХОТАМ, е голем и очекува изградба на нови сместувачки капацитети и поголем број туристи идната година. ­ Апелирам до надлежните да размислат за нашите барања за изградба на нови хотелски капацитети и доградба на соби на постоечки објекти што ќе придонесе за поголем број сместувачки капацитети каде ќе бидат задоволени и домашните и странските клиенти, изјави Блажески. Блажески се осфрна и на безбедноста на туристите и поголема контрола на плажите, потсетувајќи дека сите сме засегнати и не треба вината да ја префрламе на други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top