| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП У-18: Македонските кошаркари ја победија Ирска

kosarka u18Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија славеше победа против Ирска, во рамките од 2.коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.

Во натпреварот од А групата, одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори иако на полувремето губеа со 46-51, сепак ја совладаа Ирска со 96-82 по четвртини 28-31, 18:20, 34:18 и 16:13.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Виктор Ефремовски кој средбата ја заврши со 24 поени (7/12 за три поени). Двоцифрен број на поени постигнаа и Петар Огњеновиќ 15, Ненад Димитриевиќ 14, Стефан Милевски 13 и Ранко Мамузиќ 10.

Во оваа група денеска се одиграа и средбите: Полска – Бугарија 74-69 и Унгарија – Кипар 88-41.

За, репрезентациите во А групата утре е слободен ден на шампионатот, а натпреварите од 3.коло ќе се играат во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top