По високата победа на Србија над Франција со 105-88, убедлива беше и селекцијата на Аргентина, која ја совлада Хрватска со 97-78 на подготвителниот турнир во Кордоба пред одржувањето на ОИ во Рио.
Уште на полувремето беше јасна доминацијата на јужноамериканците, бидејќи Аргентина имаше водство од 45-33, а во продолжение само ја зголемуваа предноста.
Победничкиот тим го предводеше Ночиони со 19 поени, а Делфино имаше 13, додека во селекцијата на Хрватска се издвои Марио Хезоња со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.