| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден за борба против трговија со луѓе

Интернационалната организација за миграции (ИОМ) денеска го одбележува 30 Јули, Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, чија цел е да се сврти вниманието кон страдањата на огромниот број на жртви на трговија на луѓе кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство, трговија со органи.

Светскиот ден е назначен  во 2013 година по усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против трговија со луѓе, а ИОМ  се приклучи во глобалната борба против трговија со луѓе во поширок контекст на управувањето на миграцијата од 1994 година, со јасна визија за справување со овој тип на криминал, бидејќи речиси секоја држава во светот е под влијание на оваа зла пракса, дали како земја на потекло, транзит или земја дестинација на жртвите.

– Во последните две децении, повеќе од 70.000 луѓе добиле поддршка од нашите тимови ширум светот. Активностите кои се спроведени во соработка со владините институции, невладиниот сектор и меѓународните организации се заосновани на три принципи: почитување на човековите права, физичка, ментална и социјална благосостојба на човекот и неговата заедница, и одржливост преку зајакнување на институционални капацитети на владини институции и граѓанското општество. Поддршката е наменета за спречување на трговијата со луѓе и заштита на жртвите од трговија, а истовремено им нуди опции за безбедна и одржлива реинтеграција и /или враќање во своите земји, онаму каде тоа е возможно, велат од ИОМ.

Податоците на ИОМ покажуваат дека од вкупно 7.000 жртви асистрани
во 2015 година, 85 отсто биле жртви на меѓународна трговија со луѓе. Од преживеаните жртви на трговија со луѓе 74 отсто биле тргувани со цел принудна работа, да 17 отсто со цел сексуална експлоатација. Околу 13 отсто од вкупниот број на поддржаните жртви на трговија со луѓе се деца чија просечна возраст е 11 години. Податоците, исто така, покажуваат дека преживеаните жртви поддржани од страна на ИОМ се претежно жени, кои не само што се соочуваат со сексуална злоупотреба, туку, исто така, биле жртви на принуден брак, како и лица кои се соочуваат со сериозни економски потешкотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top