| четврток, 6 декември 2018 |

Втор пораз за младите ракометари на ЕП

makedonija u20Втор пораз за македонските ракометни надежи  во вториот натпревар на младинското ЕП за играчи до 20 години. Избраниците на селекторот Алексаднар Јовиќ загубија од домаќинот Данска со 18-23 (11-10).

Младите македонски ракометари одиграа добро прво полувреме, но не успеаја да го задржат ротамот и предноста до крај. По второто коло, Македонија падна на последното место во групата без освоен бод и само со теоретски шанси за пласман во следната осминафинална фаза пред последниот натпревар од групната фаза, во недела против Холандија.

Утре ракометарите имаат слободен ден, а во недела го играат последниот натпревар од групната фаза против селекцијата на Холандија. По поразот од Данска во првото коло, Холанѓаните денеска славеа против Норвешка (31-28) и влегоа во конкуренција за првите две места во групата кои обезбедуваат пласман во следната осминафинална фаза од шампионатот.

По второто коло Данска е во водство со четири бода, по два имаат Холандија и Норвешка, Македонија е на четвртото место во групата без бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top