| четврток, 6 декември 2018 |

Оџа извикувал по полицаец: „Ние не сме терористи и бомбаши-самоубијци“ (Видео)

– Сакаме слобода на говор, не сакаме расизам. Ние не сме терористи и бомбаши- самоубијци. Ова е слободна земја и можеме слободно да зборуваме во јавност, рекол неименуваниот свештеник.

odza-alah-akbar-birmingem-01

Неверојатната видеоснимка била направена на улиците на Бирмингам кога исламски свештеник викал по полицајците. Не е познато што била причината за оваа остра расправија, но очигледно е дека свештеникот бил многу потресен, пренесува „Телеграф.рс“. Тој им викал на полицајците, се повикувал на Алах и тврдел дека може слободно да се движи и да зборува на улиците на Велика Британија.

Тогаш полицаецот го замолил малку да го намали тонот и да биде пофин, на што свештеникот полудел, почнал да вреска, да извикува „Алах акбар“ и му плукнал на полицаецот в лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top