| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот за каналот Дунав-Вардар-Солун ќе биде готов во јуни

dunav-morava-vardar

До крајот на јули годинава ќе биде завршен просторниот план за пловниот канал Дунав-Морава-Вардар -Солун, изјави Драган Дунчиќ од Агенцијата за просторно планирање на Србија, пренесуваат тамошните медиуми.

Дунчиќ на Меѓународна научна конференција „Планирање и нормативни безбедност и животната средина“, што се одржа во Суботица, рече дека Агенцијата го подготвила и Просторниот план за специјални намени на гасоводот Јужен тек пред предвидениот рок.

Дел од пловниот канал треба да минува низ Македонија. Владата го оцени како добар проект, и му даде поддршка, но сака да ја види неговата економска оправданост и колку ќе чини неговата градба.

Проектот и економската оправданост на изградбата на пловниот канал, за кој идејата е стара повеќе од 100 години го подготвува кинеска компанија „Чајна Гезоба груп”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top