| четврток, 6 декември 2018 |

Кој пали светло во домот на Јованка Броз? (фото)

Во вилата во која сопругата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз живеела до 2013 година навечер гори светло, а во куќата никој не живее веќе три години.

broz (1)1

Кога некој навечер ќе помине покрај вилата, може да види запалено светло, па се поставува прашањето: Кој и зошто се пали светло во куќата ноќе?

Вилата на Ул. Кнез Александар Караѓорѓевиќ 75, под надлежност на Република Србија со судска одлука е под обезбедување 24/7 и објекот е запечатен, бидејќи се води спор за тоа чие наследство е истиот.

broz1

Токму обезбедувањето навечер пали светло.

Некогаш првата дама на СФРЈ на зима се смрзнувала бидејќи во последните години од живото немале греење и насекаде имало влага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top