| четврток, 6 декември 2018 |

Повикал сирачиња во ресторан да јадат, кога ја добил сметката останал без текст

Оваа трогателна приказна доаѓа од Индија од хотелот Сабрин во градот Малапурам.

Акхулеш Кумар седел покрај прозорот на споменатиот хотел и ручал, а додека го јадел своето скапо јадење, здогледал сиромашно изгладнето дете како стои на улица.

Тој го повикал детето да дојде во ресторанот. По пет минути, детето влегло заедно со својата сестра која ја држел за рака.

Тој ги запрашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале во неговата чинија и рекле дека би сакале истото што и тој. Кога завршиле со јадењето, Кумар го повикал келнерот за да му ја донесе сметката да плати.

Но кога ја добил сметката Кумар останал без текст, гледајќи што пишува на истата.

Тука стоела една голема нула, а под неа пишувало. Не постои каса која би можела да ја наплати оваа хуманост. Ви посакуваме се најдобро.

Многу трогателен гест кој покажува дека постојат хумани луѓе на овој свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top