Експертот за тероризам Џевад Галијашевиќ предупредува дека терористите на Балканот имаат преку 100 центри и дека во секоја земја постои секојдневна опасност од терористички напад.
- Само во БиХ има 64 кампа за обука на терористи и дури 100.000 потенцијални џихадисти. Такви кампови и терористички центри има во секоја земја на Балканот. Освен во Босна, најмногу ги има на Косово и во Македонија, тврди Галијашевиќ.
Србија не е поштедена затоа што постои исклучително силно упориште за терористи и џихадисти во Сјеница, Нови Пазар, Прешево, Бујановац и Медвеџе. Во овие кампови терористите секојдневно се тренираат за напади и убиства. Само прашање на време е кога ќе стигне наредба да се изврши терористички напад на Балканот како оние во Париз, Брисел, Ница…, вели експертот.
Тој особено предупредува на повратниците од боиштата во Сирија.
- Вистината е дека се вратени 600 борци на ИД, иако безбедносните служби на балканските земји тие бројки ги кријат и ги намалуваат, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.