| четврток, 6 декември 2018 |

Голем љубовен хороскоп за август: За Бикот пауза, за Водолиите секс!

Овен

Кога се работи за љубов, Овните ќе бидат сосема конфузни и збунети. Помешаните емоции во вас ќе направат да се чувствувате несигурно, па од сите луѓе во околината ќе барате совети, но најпотребно е да почнете да ја следите интуицијата. Преголемите очекувања од љубовта ќе биде главната причина заради која ќе бидете збунети. Не само што ќе очекувате многу од себе, туку и од партнерот со кој ќе влегувате во кратки врски, па потребно е да се чувате од разочарувања. Не се занимавајте со неважни информации поврзани со вашата врска, затоа што така само ќе го нарушите односот со партнерот. Очекувајте еден бурен и малку лош период кога се работи за долгорочни врски. Ова не е поволен месец за започнување на романси доколку сте слободни.

Бик

Бикот во наредниот период ќе биде повлечен. И самите ќе бидете свесни дека не можете да се отворите емотивно, што ќе ве одвлекува од создавање на нови познанства и можни врски. потребни ви се мир и тишина, а изгледа дека самотијата најмногу ќе ви одговара, како би можеле да расчистите со себе и психички и емотивно. Се ова ќе влијае и на лошата комуникација која ќе ја доживеете. Деловните околности ќе влијаат на вашите емотивни планови, па ако нешто тргне лошо на работното место, целиот стрес ќе го истурите на партнерот. Тоа ќе ви донесе мали, но чести проблеми. Потребно е да поставите приоритети и според нив да одлучувате што е најдобро за вас лично.

Близнаци

Близнаците ги очекува прекрасен љубовен период. Ако сте слободни, големи се шансите за време на некое патување или свечена прилика да запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието. Најверојатно тој/таа ќе биде постар/a од вас, но тоа нема да ви претставува проблем, напротив, конечно ќе може да започнете квалитетна и стабилна врска. Ова е посебно плоден период за оние кои се во зрели години. За сите кои веќе се во врска, со партнерот ќе имаат посебен однос исполнет со внимание и нежност. Само не се опуштајте премногу, затоа што и на најсреќната врска и треба константно вложување. Покажете љубов тогаш и кога не е потребно.

Рак

Кога емоциите се во прашање, Раковите овој месец ќе уживаат. Ќе имате толку многу љубов околу вас која ја давате и ширите, а и ја добивате во двојно поголеми количини, па секој ден ќе ви почнува со насмевка. Врските ќе ви успеваат, па сите зафатени Ракови со своите партнери ќе воспостават подлабок однос. Нежноста и вниманието се секогаш добредојдени. Како и кај зафатените, така и кај Раковите кои се сингл ситуацијата е совршена. Ќе ви одговара флертот и вниманието кое ќе го добивате каде и да се појавите, а големи се шансите за летни романси и авантури. Ако решите да започнете посериозна врска, подгответе се за долгорочно и квалитетно врзување.

Лав

Емоциите на Лавовите ќе бидат хаотични овој месец. Сè што ќе ви се случува ќе го прифаќате многу емотивно, заради што може да ве повредат работи и личности кои не ви се најважни. Семејството и друштвото ќе ви бидат на прво место, па целата нежност ќе ја насочите на нив и малку ќе заборавите на љубовните врски. Во љубовта сте комплицирани, па нема да бидете расположени за нови познанства или почнување на нова романса. Заради бариерите кои ќе ги поставите кон спротивниот пол, може да повредите некој на кој му се допаѓате. Обидете се да внимавате со личностите кои ги сметате за добри и квалитетни, не ги уништувајте шансите уште пред да ви се пружат.

Девица

Девиците ќе посакаат да се изолираат од светот. Ова нема да има одговара на зафатените Девици, па ќе дојде до кавги и недоразбирања со партнерот, што може да потрае подолго. Но, сепак ќе биде минливо и нема потреба да вмешувате други луѓе во вашите проблеми. Што се однесува до слободните Девици, тие ќе одбиваат да стапат во нови познанства и врски. За сето тоа ќе биде виновна личност од минатото. Дури кога ќе ги видите своите можности за добра и квалитетна врска, ќе успеете да расчистите со минатото. Флертот кој ќе го има во огромна мера ќе ви одговара, па тоа ќе ве оттргне од мислите на бившите партнери.

Вага

На Вагите кои се во врска или брак, ќе им биде најважно пријателството и искрениот однос кој го негуваат со партнерот. Топлите денови искористете ги за да развиете заеднички интереси со  партнерот, односно да се поврзете на едно сосема поинакво ниво. Можно е во односите да имате успеси и падови, но ништо не е страшно и вечно, затоа не се оптоварувајте со стресни мисли. Важно е да бидете трпеливи и да имате разбирање. Ако сте слободни, исто така ќе бидете со променливо расположение. Секако ќе бидете расположени за флерт, но нема да имате многу трпение за развивање на долгорочни симпатии. Постојано ќе имате замерки, без разлика што и да направи другата страна. Засега уживајте во слободата и не ја форсирајте љубовта.

Скорпија

Вашиот однос со мајката ќе биде пресуден за стабилен однос со партнерот. Иако ви делува чудно, така како што се однесувате со мајката и каков меѓусебен однос имате, така ќе функционирате и на љубовен план. Не е непознато дека нашето однесување во било кој сегмент од животот влијае на односот со родителите, но тоа кај вас ќе биде посебно изразено во август. Најдобар совет е да ги следите вашите емоции и вашето срце, а не она на што сте навикнати или научени. Додека ова ќе биде изразено кај зафатените Скорпии, слободните ќе уживаат во она што го имаат и нема да се оптоваруваат со барање на љубов.

Стрелец

Слободните припадници на овој знак ги очекува интересно и забавно лето. На сите страни ќе има забави и заведувања, а не е исклучено и да започнете врска со личност која инстантно ќе ве освои, иако големи се шансите таа врска да треба да се одржува на далечина. Оваа личност ќе ве натера да го изгубите паметот, ќе сакате многу повеќе време да поминете со него/неа, а посебно ќе ви бидат интересни разликите со кои ќе се соочите. Ќе научите нешто што досега не сте знаеле за љубовта. Ако сте во врска пак, ова е важен период за вас. Работите ќе станат посериозни, па дури и официјални – вашата врска веројатно ќе се круниса со прстен или брак. Ова е одличен месец за да ја разговарате иднината со партнерот.

Јарец

Ова дефинитивно најдобриот месец за љубов во животот на Јарците, без разлика на статусот. Ќе бидете позаинтересирани за љубов, забава и нема да ве држи место. Затоа и ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол каде и да се појавите. Ако сте слободни, ќе ве привлече личност на чии комплименти веднаш ќе паднете. Слободно препуштете се. Ако сте во врска, можни се мали немири во бракот или врската, но со оглед на тоа што сте романтично настроени, се ќе се реши лесно и брзо. Романтиката и нежноста ќе ви бидат главни адути кои треба да ги искористите за смирување на тензиите.

Водолија

Август за Водолиите дефинитивно ќе биде во знакот на сексот. Ќе бидете отворени за експериментирање со некои нови работи и забави во креветот. Секако, ако сте во врска тоа ќе биде со долгогодишниот партнер, а ако сте слободни, слободно и ќе ги одбирате партнерите. Но, тоа не е ништо страшно бидејќи ќе знаете да уживате. Препуштете се на она што ве прави среќни. Во секој момент од љубовниот живот бидете искрени кон себе и слушајте го срцето, интуицијата нема да ве изневери. Во одредени ситуации ќе биде важно д асе контролирате и да знаете кога она што го правите е на граница на претерување.

Риби

Во овој период не ве очекуваат некои промени на поле љубов, без разлика на статусот. Може да се каже дека ова е мирен месец, а сите турбуленции и кавги ќе останат зад вас. Време е да уживате со партнерот, а ако сте слободни посветете се на себе и она што вас ве исполнува. Без оглед на статусот, мешањето на професијата и емоциите нема да биде паметна одлука. Дури и да најдете квалитетен партнер кој ви е колега, чувајте го тоа како тајна. Ништо од приватноста не споделувајте на работното место со колегите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top